Информатор на општина Новаци 29 | Page 4

Во генерација 2003 за најдобар голман беше прогласен Давид Даралиевски од Еден на еден од Могила, најдобар стрелец беше прогласен Бехар фета од Фортуна Скопје, најдобар играч Никола Митковски од Фер плеј Охрид. Четвртото место го освоија фудбалерите на ЛГ Битола, трето место Еден на еден од Могила, второ место Фер Плеј Охрид а првото место му припадна на Фортуна од Скопје. Во генерација 2004 за најдобар голман беше прогласен Томи Силјановски од ЛГ Битола, најдобар стрелец Никола Талески од Прилеп, најдобар играч Дарко Николов од Академија Постолов Пандев од Штип. Четвртото место го освоија фудбалерите на Прилеп од Прилеп, трето место ЛГ Битола, второ место Перак од Прилеп, а првото место му припадна на Академија Постолов Пандев од Штип. Во генерација 2005 за најдобар голман беше прогласен Ковчегарски Наумче Ковчегарски од ЛГ Битола, најдобар стрелец Стефан Џајковски од Фер плеј Охрид, најдобри играчи се прогласени Даниел Велинов од Академија П.Пандев од Штип и Мартин Ѓоргиевски од Фер плеј Охрид. Четвртото место го освоија фудбалерите на ГФК Неготино, трето место ЛГ Битола, второ место АкадемијаПостолов Пандев од Штип, а првото место му припадна на ФШ Фер плеј Охрид. 4