Информатор на општина Новаци 29 | Page 3

Заврши меѓународниот фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп 2014“ Заврши Меѓународниот фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп“ 2014, на кој фудбалските вештини ги одмерија околу 600 млади фудбалери 20012005 генерација од пионерските клубови на Хрватска, Србија, Грција и Македонија. На дводневниот меѓународент фудбалски турнир „Новаци ЛГ Куп 2014“ беа доделени следните награди: -Во генерација 2001 за најдобар голман беше прогласен Петар Толески од Фер плеј Охрид, најдобар стрелец Дино Крстески од Перак Прилеп, најдобар играч Бобан Тасевски од ЛГ Битола. Четвртото место го освоија фудбалерите на Пас Флорина,Грција, трето место Фер Плеј од Охрид, второ место ЛГ Битола а првото место му припадна на Перак од Прилеп. Во генерација 2002 за најдобар голман беше прогласен Михајлевиќ Јовица од ЛГ Битола, најдобар стрелец Фикри Дани од Караорман Струга, најдобар играч Марко Крстески од Перак од Прилеп. Четвртото место го освоија фудбалерите на ЛГ Битола, трето место Караорман Струга,второр место Еврофудбал од Охрид а првото место му припадна на Перак од Прилеп. 3