Информатор на општина Новаци 29 | Page 12

Регионални денови на културата во Новаци Во салата за приредби во општина Новаци,учениците од ЦОУ „Даме Груев“ од Битола ја одиграа претставата „Чорбаџи Теодос“ во рамките на регионалните денови на културата.Оваа манифестација се одржува трета година по ред во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во кој се вклучени деветте општини од регионот и нивните центри за култура се со цел развој на културата. Вториот настан од оваа манифестација беше настап на танчерите од Спортскиот танцов клуб Степ Ап кои изведија стандардни латино американски танци. „Општина Новаци секогаш ги поддржува и понатаму ќе ги поддржува ваквите настани кои имаат за цел развој на културата и збогатување на културниот живот на локалното население особено ако се работи за најмладата популација“ вели Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Во фокусот на овој проект е развој на културата преку ставање во функција локални чинители . Дел од програмата на манифестацијата е во рамките на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија(Франција) и Република Македонија како дел од проектот „Културата во улога на територијален развој и социјална кохезија“ воден од Локомотива и мешаниот синдикат од областа на заливот Мон Сен Мишел. 12