Монитори од Брисел во општина Новаци
Во
рамките на имплементацијата на ИПА проектот за заштита на културно-историското
наследство во општина Новаци „Жива историја,жива природа“,градоначалникот Лазар
Котевски и проектниот тим беа домаќини на два независни монитоти од Брисел, г-ѓа
Рафаела Паломбела од Италија и г-ѓа Симона Нанеску од Романија.
„Целта на оваа т.н РОМ мисија е независни наблудувачи ангажирани од ЕУ да се
запознаат со текот и имплементацијата на ИПА проектот, да ги видат
резултатите,видливоста и одржливоста.На самиот почеток се интересираа за општината,
за соработката со нашиот грчки партнер општина Алмопиа, како и за проблемите и
предизвиците од спроведувањето на прекуграничните проекти.“ рече градоначалникот
Лазар Котевски.
Двете независни монитори ги посетија и објектите во Мариово кои беа предмет на
реконструкција со средства од ИПА проектот.
„Најпрво ја посетија црквата Св.Димитрија во село Град