Информатор на општина Новаци 28 | Page 8

Учесниците на колонијата беа воодушевени од прекрасната природа, големиот број стари цркви и манастири кои се наоѓаат натериторијата на општина Новаци, како и од бројните културно историски споменици. „Јас ја насликав иконата на Св.Богородица за која се инспирирав при посетата на црквата „Свети Никола Чудотворец" во Градешница од која навистина се воодушевив“ рече Зои Палиу, иконограф од Алмопија. Целта на ликовната колонија е воспоставување меѓусебна соработка на двата партнери во проектот со што ќе се постигне меѓуграничниот ефект. Ликовната колонија во која заедно твореа македонски и грчки уметници е дел од проектот "Жива историја, жива природа", кој Општина Новаци го реализира со Општина Алмопиjа, во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка. Овој проект треба да претставува еден од начините со кои во Општина Новаци треба да се привлекуваат што поголем број туристи, како домашни, така и од странство. „Во секој случај, на тоа се работи, да го афирмираме, реконструираме и зачуваме тоа културно богатство и да се создадат подобри услови за престој на туристите“ потенцираше Котевски. Во рамките на имплеметацијата на проектот „Жива историја,жива оприрода“ досега се р