Информатор на општина Новаци 28 | Page 3

Француска делегација во општина Новаци Градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски беше домаќин на висока шест члена француска делегација предводена од амбасадорката на Франција во РМ, г-ѓа Лоранс ОЕР и конзулот Калиопа Кривашија Стилиновиќ.На официјалната средба се разговараше за начинот и доменот на заедничкото делување при што беше споменато дека спомен костурницата на доктор Рајс на Кајмакчалан, т.н. француски пат на оваа планина, спомен плочата на војникот Марсел Дорфен во Груниште и спомениците кои сведочат за француските жртви во Пелагонија за време на Првата Светска војна, ќе станат дел од одбележувањето на 100 – те години од првиот планетарен воен конфликт што го познава историјата. „За да се разберат врските помеѓу Македонија и Франциај треба да се знае дека овде во рок од две години поминале над 100.000 Французи.Ние со господинот градоначалник разговаравме за да развиеме соработка со три области:образованието, одржливиот туризам и културното наследство. Се договаравме да се собере дипломатскиот кор и да ја посетиме “ рече амбасадорката на Франција,г-ѓа Лоранс Оер. Француската амбасадорка во Македонија, Лорен Оер и градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски, денес ги дефинираа активностите со кои општината ќе се вклучи во програмата за оддавање почит на загинатите французи за време на Првата Светска војна. „Заинтересирани се за многу сфери, за спомен костурницата на д-р Рајс,истот ака се договаравме да направиме една посета на дипломатскиот кор на ова место и нашата општина.Разговаравме за нашата досегашна соработка со Франција особено со регионот на Долна Нормандија при што беше речено дека тоа ќе продолжи и понатаму бидејќи во 2008 година започнавме со еден проект за развој на алтернативниот селскиот туризам и сега истиот ќе го продолжиме.Разговаравме за аплицирање со проекти во ИПА програмите. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Напорите на француската држава да го одбележи нејзиното присуство во Македонија ќе продолжат со изградба на музејски центар во Битола во кој спомениците од минатото кои се наоѓаат во пелагониско ќе најдат свое место. 3