Информатор на општина Новаци 28 | Page 22

„Duo nuovo“ со концерт на Културно лето Новаци 2014 На една недела пред официјалниот крај на Културно лето Новаци 2014 ,викедов се одржа концерт на сериозна музика во салата за приредби во Општина Новаци. Изведбата беше на „Duo nuovo “ во состав м-р Марија Шамовска Буџаковски – пијано и Андријана Дукоска – виолончело. Љубителите на класичната музика имаа можност да уживаат во специјално изготвените аранжмани за овие музички инструменти од Лудвиг Ван Бетовен, Јоханес,Брамс,Александар Глазунов, Консуело Веласкез и други познати композитори. Градоначалникот Котевски кој е главен покровител на оваа културна манифестација со својата сопруга присуствуваше на концертот . Публиката со долготрајни аплаузи ја поздрав изведбата и побара од локалната самоуправа концертот на класична музика да прерасне во традиција во културните лета кои понатаму ќе следат. Културно лето Новаци 2014 е во организација на КИК Новаци.Официјалното затворање е закажано за 24 август со почеток во 20:30 часот со концерт на етно составот Љубојна. 22