Информатор на општина Новаци 27 | Page 6

21- ва седница на Советот на општина Новаци Нема летен одмор за советниците од општина Новаци. Тие денеска ја одржаа 21 –вата седница на која имаа дваесеттина точки на дневен ред.Сите документи претходно беа разгледани а точките беа усвоени. Седницата започна со усвојување на записникот за претходната 20-тата седница, потоа продолжи со донесување одлука за усвојување на тромесечниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Новаци за периодот 01.01 – 31.03.2014 година и усвојување на предлог одлуката за измена на распоредот на средствата на општинскиот буџет. Советниците го усвоија годишниот извештај за работата на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци за учебната 2013/2014 година. На ФК Новаци 2005 му одобрија финансиски средства за такмичење во трета лига Југозапад. Беа разгледани и усвоени неколку барања од жители, здруженија и месни заедници за: еднократна парична помош за дограма на куќа,за средства за печатење на зборник број 8 за одржаните Пелагониски –научни средби, автобуски превоз за пензионерите од општина Новаци до Скопје за посета на Музејот на македонската револуционерна борба за државност и самостојност,средства за набавка на градежни материјали за храмот Св.Воскресение во с.Далбеговци. Беа разгледани и усвоени барања на жители за асфалтирање на улици со вкупна должина од половина километар во селата:Рибарци,Гнеотино и Новаци. Беа одобрени барањата на жители за поставување на одводни цевки во с.Бач, бетонски цевки Ф-300 на регионалниот пат Рапеш-Старавина (10 цевки по 6 метри) и барање од група на граѓани за чистење и бетонирање на канал од Златен клас до сушарата за месо во Новаци. Советот на општина Новаци формира одбор за свечено пуштање на обј