Информатор на општина Новаци 26 | Page 9

Хортикултурно уредување на дворот на игротеката „Бамби“ во Новаци Со помош на родителите хортикултурно се уредуваше дворот на Центарот за ран детски развој „Бамби“ во Новаци. Цвеќињата беа донирани од Менде Митревски од Новаци кој е локален производител на декоративни насади. „Јас сум од Новаци и сакав да помогнам да се уреди убаво дворот на игротеката.Бидејќи јас ги произведувам цвеќињата решив да донирам околу 230 саксии со разни видови цвеќиња:инфатија,вербена, винка,пламенче,џинџуле и сл.Ме радува што мојата донација е убаво прифатена и поддржана од родителите кои учествуваа во уредувањето“ рече Менде Митревски,донатор. Вредноста на донацијата изнесува околу 6000 денари. „Ме радува што уредувањето на Центарот за ран детски развој Бамби го поддржува месното население во Новаци а уште повеќе ме радува расположеноста на родителите да се вклучуваат во разните акции кои се организирани за доброто на нивните деца кои редовно ја посетуваат игротеката.Општината го помага постојано секојдневното функционирање на Бамби со цел на децата од руралните средини да им се обезбедат соодветни услови за ран детски развој, квалитетно претшколско образование и социјализација.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Општина Новаци неодамна преку програмата општинско корисна работа на УНДП,МТСП и АВРМ отвори уште три центр и за ран детски развој во Живојно,Добромири и Горно Агларци. 9