Информатор на општина Новаци 25 | Page 7

Општина Новаци со превенција ќе се бори против поплавите На иницијатива на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска се одржа состанок на кој се формираше координативно тело кое ќе дејствува превентивно со цел спречување на појава на поплави и несакани последици од истите. „Поучени од она што деновиве е најактуелно а тоа се поплавите кои ги зафатија нашите соседи Србија,Босна и Хрватска а со оглед на тоа што нашата општина е подлежна на вакви појави инициравме средба на која беа поканети претставници од јавен и приватен сектор кои можат да дејствуваат во превенција од појава на поплави на терит