Информатор на општина Новаци 25 | Page 3

ЕУ автобусот во Новаци Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски, администрацијата,локалното население и ЦОУ „ Славко Лумбарковски“ беа домаќини на ЕУ автобусот предводен од Роберт Лидл,амбасадор на Делегацијата на ЕУ. Посетата на ЕУ бусот се должи на активноста под наслов „ЕУ одблизу“. Жителите на Новаци и околните села имаа можност во непосредна комуникација со тимот од ЕУ автобусот да постават прашања поврзани со Европската Унија, пристапувањето на земјата во Унијата, можностите за искористувањето на фондовите од ИПА програмата и другите програми на ЕУ, како и за други активности поврзани со ЕУ во земјата. „Со нас тука се преставници од ИПАРД агенцијата, преставници од Владата кои што се дојдени тука да разговараат со жителите на оваа населба на оваа општина да им објаснат како да аплицираат за различни грантови за трактори за земја итн“, рече Роберт Лидл. Учениците од ЦОУ „Славко Лумбарковски присствуваа на предавање за Европската Унија и нејзините членки,учествуваа во игри на знаење,брзо редење на сложувалка со ЕУ тематика а беа одбрани и три најубави цртежи.Најуспешните добија награди. „Присуството на ЕУ автобусот во општина Новаци претставува голема чест затоа што сме одбрани меѓу десетте места кои ќе бидат посетени во државата а особено заради тоа што во моментот имплементираме ЕУ проект а добивме и продолжение на истиот чија реализација наскоро ќе започне.Мештаните ќе добијат поголеми можности да се информираат за ИПАРД програмата додека учениците ќе ги прошират своите знаења за ЕУ. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Претставниците на Делегацијата на Европската Унија, амбасадите на земјите членки на ЕУ и Секретаријатот за европски прашања, претставници на други институции и организации, со ЕУ автобусот треба да посетат 10 села низ Република Македонија, а Новаци е едно од нив. Основна цел е преку директни средби да се направи промоција на европски вредности и да се образложат добивките и обврските кои произлегуваат од зачленувањето во Унијата. 3