Информатор на општина Новаци 25 | Page 15

Новаци го слави Свети Атанасиј Синоќа и денес сите жители на Новаци неуморно се подготвуваат за куќната слава на селото Свети Атанасиј.Непостои куќа и домаќинство кое подготвува богата трпеза за многубројните гости, светат лепче и присуствуваат на богослужба во црквата која го носи името на светецот кој се празнува Св.Атанасиј. „Во Новаци секоја година на 14 и 15 мај се слави верскиот чпразник Св.Атанасиј.Ова за новачани е голем празник и го слави секоја куќа во селото. Верските празници се многу важни за нас па секогаш кога имам можност ги празнувам заедно со моите сожители. “ рече Лазар Котевски, градоначалникот на општина Новаци.Свети Атанасиј Велики бил Архиепископ Александриски. Роден е во Александрија во 296 година.Уште од детството бил наклонет кон духовниот призив и многу придонесе за побивање на Ариевата ерес и утврдување на православието.Автор е на Симболот на верата. По смртта на Александар, Св.Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски каде остана цели 40 години. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св.Атанасиј. Но неговата душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. Господ го упокои во Своето Царство овој верен раб во 373 година. 15