Информатор на општина Новаци 25 | Page 13

Првата тура (МТБ 1) која што ќе биде во должина од 50 километри ќе ги опфати селата Манастир (старт), Бешиште, Градешница, Старавина, Зовиќ, Манастир, а полесната рута (МТБ 2) ќе оди од Манастир, Мелница, Витолиште, Полчиште, Бешиште повторно до Манастир со вкупна должина од 42 километри. Третата опција е друмски велосипедизам која што за прв пат ќе се одржи оваа година и ќе биде во должина од 103 километри по целиот асфалт во прилепско мариово. Во разговор со Слободан Трајковски, еден од организаторите на настанот и претседател на друштвото за развој на велосипедизмот во Македонија „ВЕЛОЕВРОПА“, тој не извести дека турата МТБ 1 (потешката) иако има речиси иста километража како и полесната (МТБ 2) е далеку технички потешка и минува низ потежок терен со што бара и поголема спремност на велосипедистот. Полесната пак, во поголемиот дел минува на асфалт и нема голема висинска разлика со тоа што е достапна за помалку искусни возачи. Планинарењето и планинското трчање ќе бидат во организација на ПСК Макпетрол иТрекс и ќе опфатат посета од селото Манастир до селото Зовиќ (планинарска тура), а планинското трчање ќе ги опфати селата низ кои ќе минува велосипедската МТБ 1 тура. Овој дел ќе биде во организација на Трајче Панковски од погоре споменатите клубови. 13