Информатор на општина Новаци 24 | Page 10

Со здружени сили за заштита на животната средина во пелагониско-леринскиот прекуграничен регион Државните административци од пограничните општини во Пелагонија и Лерин присуствуваа на тренинг за заштита на животната средина и природните ресурси , како дел од проектот „Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин“. Во текот на дводневната обука колегите имаа можност заеднички да дискутираат , да споделат искуства но и да иницираат идна меѓусебна соработка во областа на заштитата на животната средина и природните ресурси. Покрај теоретскиот дел обуката вклучуваше и едукативна посета на Центарот за едукација и заштита на животната средина во Веви-Леринско и регионалната депонија во Кожани. Трениг обуката беше дел од имплементацијата на проектот „ЗООИноватива“ финансиран од ИПА програмата за шпрекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција. 10