Информатор на општина Новаци 23 | Page 8

Донација :француска опрема за гаснење пожари за општина Новаци Општина Новаци доби донација противпожарно возило Дачиа Дастер и комплетна опрема за гаснење на шумски пожари од француската невладина Working together.Покрај возилото беше донирана приколка Саиреп за превоз на опремата,две противпожарни грбни пумпи со филтер и склопки, три преносливи цистерни, две грбни носилки со канистери и опрема за прва помош со три кукли. „Имаме гости од Република Франција од градот Валанс преку невладината организација Working together, општина Новаци добива донација возило и целокупна опрема за заштита и превенција од пожари.Сакам да ја изразам мојата голема благодарност до гостите и донаторите затоа што оваа опрема ние навистина потребна бидејќи нашата општина подлежи на многу шумски пожари.Особено сме им благодарни што ги помагаат руралните општини.Ние сме прва рурална општина во РМ која добива ваква донација.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Покрај општина Новаци опремата ќе можат да ја користат Центарот за едукација „Пегаз ЕДУ“и професионалните противпожарни екипи од Битола и целата држава при евентуални шумски пожари. „Решивме оваа опрема да ја донираме тука токму поради проблематиката со појавата на шумски пожари кои се навистина проблематични во оваа општина.Благодарение на соработката која ја имаме со ПЕГАЗ ЕДУ одлучивме конкретно да се донира во Новаци а потоа преку нивна меѓусебна соработка истата да се користи најпрво за едукација а потоа и за интервенција доколку е потребно. “ велат од француската НВО Working together. Општина Новаци е прва и единствена рурална општина во државата која доби ваква донација. 8