Информатор на општина Новаци 23 | Page 4

Десеттина жени од општина Новаци , облечени во свечени народни носии, со погача и голем број домашни специјалитети изработени од нив самите , со здравица и песна му го честитаа полнлетството на првиот човек на општина Новаци,Лазар Котевски. Делегација од општина Новаци положи свежо цвеќе и пред бистата на Славко Лумбарковски во дворот на училиштето кое го носи името на овој херој. На свечената седница на Советот пред советниците, општинската администрација и многубројните емдиуми,Котевски посебен акцент стави на развојот на општината , алтернативниот и манастирскиот туризам и многубројните проекти планирани за следниот период. „Иако никогаш не треба човек да биде задоволен со постигнатото, сепак мислам дека ние во Новаци можеме со полно срце да нагласиме дека во изминатите 18 години од осамостојувањето остваривме значајни постигнувања и успеавме од Новаци да направиме општина која стана пристојно место за живеење и каде што подобрувањето на условите за живот се наша приоритетна определба вели градоначалникот Котевски. Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски за своите гости подготви свечен прием во новите и модерни простории на општината како и во општинската сала. 4