Информатор на општина Новаци 23 | Page 12

Договорена соработка со Гарнизонот на АРМ од Прилеп и општина Новаци Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски се сретна со приданиците на Гарнизонот на АРМ од Прилеп.На средбата се разговараше за можните начини за продлабочување на веќе одличната соработка. „Станува збор за редовна посета а општините од страна на припадниците на прилепскиот гарнизон на АРМ.На денешната средба разговаравме за можните начини за продлабочување на веќе воспоставената соработка, за организирање на спортски настани во основното училиште, секции за стрелаштво,едукативни работилници и други активности каде можеме заедно да дејствуваме.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Општина Новаци веќе имаше соработка со прирпадниците од Гарнизонот на АРМ во Прилеп при поставувањето на јарболот со знамето на гробот на загинатиот припадник на резервниот состав во конфликтот во 2001 година Пеце Матичевски родум од Новаци. 12