Информатор на општина Новаци 22 | Page 8

Новаци ќе добие модерно повеќенаменско игралиште Започна да се асфалтира повеќенаменското игралиште во с.Новаци кое за скоро време ќе биде завршено и ставено во функција за развој на спортот во општина Новаци. „Денеска се асфалтира повеќенаменското игралиште во Новаци кое за скоро време очекуваме да биде и свечено ставено во употреба за сите оние кои сакаат да се занимаваат со спортски активности. До ова игралиште веќе се гради и спортската сала со средства кои ги обезбеди Владата. Наскоро очекуваме да го ставиме во функција и модерното тениско игралиште со трибини и партерно уредување во село Добромири.Минатата година пак пуштивме во употреба повеќенаменско игралиште со осветлување во Горно Агларци а исто такво ќе се гради и во соседното село Долно Агларци. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Игралиштето чини 6 милиони денари а се гради со средства од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија. 8