Информатор на општина Новаци 22 | Page 7

Формирана првата локална акциона група ПеЛАГонија со седиште во општина Новаци Деновиве ќе се регистрира првата пелагониска локална акциона група „ПеЛАГонија“ со седиште во општина Новаци.На основачкото собрание беа избрани членовите на здружението, управниот и надзориот одбор.За претседател на ЛАГ-от беше избрана Светлана Петковска од Организација на жени Битола. „Овој ЛАГ ќе се регистрира во Централен регистар на РМ како здружение во кое ќе членуваат јавен, приватен и граѓански сектор. По завршувањето на овој процес, за прв пат во Пелагонискиот регион и во Македонија ќе има регистрирани ЛАГ-ови според принципите и карактеристиките на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот со што ќе можат да се користат финансиски средства од ЕУ и ИПАРД фондовите, од национални програми за рурален развој, Амбасади и други донаторски програми.“ вели Владимир Величковски од ЦРППР. ЦРППР во периодот октомври 2012 година до јуни 2013 година организираше серија обуки со цел подобро информирање за доброто владеење и мобилизирање, за референтните национални документи и документите на ЕК што се однесуваат на оваа проблематика како и подобро запознавање со постапката за формирање ЛАГ-ови. „Претходно беше донесена одлука од Советот на општина Новаци за учество во ЛАГ-от односно за пристапување како соосновач на Здружение “Локална Акциона Група ПеЛАГонија” со седиште во Новаци.Целта на нашето учество е да се нарпави идентификација на проектни идеи кои ќе имаато регионално значење за сите инволвирани страни и да се реализираат конкретни проекти.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Локална Акциона Група ПеЛАГонија ги има следните цели:да се промовира руралниот развој преку локалните иницијативи и партнерства;Да се подобрат животните и работните услови на територијата на која делува ЛАГ-от;Да се придонесе во зачувување на постојните и создавање на нови работни места; Да се придонесе во создавање на нови можности за оддржлив развој; Да придонесе за развој на територијата на која делува ЛАГ-от,да се развие меѓусебната соработка и вмрежување помеѓу заинтересираните страни на кои им е во интерес развој на руралните средини како и да се искористи и развива постоечкиот ендоген потенцијал за рурален развој со примена на иновативни пристапи. 7