Информатор на општина Новаци 22 | Page 5

Се асфалтира улица во мариовско Маково Убавите пролетни температури идеални за отпочнување со градежни подготвителни работи за асфалтирање на улици и патишта. Општина Новаци ја започна оваа активност од мариовското село Маково. Со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ќе се асфалтира улица во должина од 400 метри .„Имаме предвидено со стратегијата на општината асфалтирање на 1 км улици преку оваа програма.Во Маково каде што во моментот се наоѓаме асфалтираме околу 400 метри улици , но со оваа програма е предвидено асфалтирање на улици и во Новаци и во Бач.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Советот на општина Новаци максимално ги поддржува ваквите активности на општината кои значат подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот на месното население.„ Советот на општина Новаци ги поддржува овие активности ,се залагаме за што е можно повеќе асфалтирани улици во општината,ќе настојуваме да се асфалтираат што е можно повеќе патишта “ Катерина Лозановска,советник во Совет на општина Новаци.Жителите на Маково ја изразија големата благодарност до градоначалникот Котевски и општина Новаци и вложувањето во инфраструктурата.„Ние жителите од Месната заедница Маково му се заблагодаруваме на градоначалникот Лазар Котевски и на Советот на општина Новаци за дадената помош на нашето село асфалтирање на улици од 400 метри.Во ова населено место живеат околу 40 до 50 жи