Информатор на општина Новаци 22 | Page 15

Се евалуираше работата на центарот за ран детски развој „Бамби“ во Новаци Независен тим за евалуација го скенираше работењето и учењето во Центарот за ран детски развој „Бамби“ во Новаци за периодот 2005-2012 година.Резултатите на евалуацијата треба да покажат колку стандардите за ран детски развој го отсликуваат развојот на децата во првите 5 години од животот. „ Јас додека сум градоначалник на општина Новаци ќе направам се што е во моја моќ овие деца од руралните средини да го добијат најдоброто образование и да не заостануваат зад децата кои растат во градските средини.М ногу сум задоволен од работата и напредокот на игротеката а знам дека и родителите се задоволни. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Резултатите од евалуацијата ќе бидат објавени на веб страната на УНИЦЕФ. „Независниот тим беше составен од два члена Анис Валји и Ениса Еминовска кои се информираа за начинот на работење, рано учење и едуцирање на децата во период од 2005 па се до 2012 година.Сакаа да знаат што сме работеле секој ден, која ние програмата и планот, разговараа со родителите на децата кои редовно го посетуваат центарот но остварија средба и со директорката, педагогот и наставничкиот кадар во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци “ рече Николина Лозановска,едукатор. Центарот за ран детски развој „Бамби“ во Новаци работи од 2004 година и досега го посетувале околу 20