Информатор на општина Новаци 21 | Page 9

Советот на општина Новаци ја одржа 13-тата седница Советот на општина Новаци ја одржа 13 тата седница од неговото конституирање,прва во Новата 2014 година.Советниците расправаа за 13 точки на дневен ред и разгледаа и одлучија по неколку одлуки и барања. „ На денешната седница се усвоија неколку одлуки за финансиското работење на општината како на пример последниот тромесечен извештај за извршувањето на буџетот на општина Новаци за 2013 година,се определи висината на благајничкиот денарски и девизен максимум.Исто така се формираше Комисија за проценка на штети при елементарни и други непогоди,се донесе предлог Одлука за реализација на финансиски трансфери до здруженија на граѓани,спортски,технички и научни друштва,наменски дотации за културно-уметнички манифестации и еднократна помош на физички лица“ рече градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски. Советниците донесоа и неколку одлуки и програми:одлука за сопствено учество при аплицирање на проекти, одобрение за финансирање на ТППЕ Битола,одлука за извршување на Буџетот за 2014 година,предлог програма за изработка на урбанистички планови,програма за изградба,реконструкција и одржување на локални патишта и улици за 2014 година,одлука за набавка на опрема за електронско комуницирање на советниците,одлука за вклопување на бесправно изграден објект во идната урбанистичка планска документација и слично. Советот на општина Новаци донесе одлука парично да го помогне натпреварувањето во втората македонска фудбалска лига на ФК Новаци 2005 од Новаци. Советниците ги прифатија и неколкуте барања од физички лица ,му одобрија средства на МЗ с.Брод за изготвување на проект и негова реализација за отворање,реконструкција на подземните тунели во с. Брод. 9