Информатор на општина Новаци 21 | Page 3

Започна да се гради локалниот патен правец Гнеотино-Брод Во присуство на министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство на РМ,градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски,државната администрација, мештаните и новинарите беше поставен камен темелник за отпочнување со изградба на локалниот патен правец Гнеотино-Брод. Министерот потенцираше дека општина Новаци годинава има најголем број поддржани проекти вкупно 3 односно од Агенцијата за финансиска пддршка на земјоделството и руралниот развој доби 30 милиони денари. „Во 2014 година во општина Новаци ќе се реализираат проекти со вкупна вредност од 30 милиони денари со средства доделени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.“ рече Љупчо Димовски, министер за земјоделство,шумарство и водосотпанство на РМ. Градоначалникот Котевски посочи дека асфалтирањето на оваа делница ќе биде од големо значење за мештаните од пограничните села кои живеат и гравитираат во ова подрачје затоа што значиетелно ќе го скратат времето на патување и трошоците користејќи го овој пат наместо круќењето преку Битола. ,Асфалтирање на улици во должина од 1 километар во селата:Новаци,Маково и Бач – вредност 5 896 721,00 денари без ДДВ,асфалтирање на локален пат с.Живојно – манастир Св.Илија во должина од 650 метри – вредност 4 375 236,00 денари без ДДВ и асфалтирање на локален патен правец Гнеотино-Брод во должина од 3 километри со вкупна вредност 19 973 579,00 денари чие градење го отпочнуваме денес “ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски. Тендерите за сите три проекти се веќе завршени и наскоро ќе се започне со градежни работи за сите три проекти. 3