Денеска е Василица- за многу години
Градоначалникот на општина Новаци ,
Православната Нова Година - Василица ја
дочека со жителите на општина Новаци.Ги
посети сите коледарски огнови и се дружеше
со неговите сожители. Коледарски огнови,
богата трпеза и мазник со паричка имаше на
неколку места во Новаци.
„ Овој период е еден од најубавите во
годината затоа што изобилува со празници,
со можност за прослава и дружење, но и за
зачувување и продолжување на богатите
народни обичаи.Секогаш практикувам да се дружам и да празнувам заедно со жителите
на мојата општина, да ги посетам
сите огнови и да ги испочитувам
сите жители. Овие се убави денови
кога сите треба да се дружиме и
радуваме.“ вели градоначалникот
на општина Новаци, Лазар
Котевски.
Денеска е Василица, осмиот ден
после раѓањето на Исус Христос
кога тој бил однесен во храмот и
обрезан. Во Стариот завет со тоа
се запечатувала припадноста на
народот наследник на Божјите
ветувања. Обрезанието инаку е
праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква.
Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството.
Денеска исто така се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден. Тој е еден
од тројцата најголеми црковни
учители од четвртиот век. Родум
бил од Кападокија, завршил школа
во Атина. Бил голем христијански
философ, а се прославил и како
епископ и заштитник на чистотата
на православното учење. Се
упокоил во 379 година.
12