Информатор на општина Новаци 21 | Page 10

Трајан Климевски го фати светиот крст во Новаци 26 годишниот Трајан Климевски од Новаци го фати светиот крст во осветените води во базенот во црквата Св.Атанасиј.Од 16-мината кои учествуваа во оваа верска традиција најсреќен беше Климевски кој досега учествувал трипати но прв пат со успех. „Ова е мој трет обид како скокам по крстот но прв пат како стигнувам прв до него.Да е за многу години празникот. “ рече Климевски. И оваа година како и секоја градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски застана зад организацијата и одбележувањето на Водици. „Денес е голем ден за христијанскиот народ,Богојавление Водици ,празник со вековна традиција.Како и секоја година така и оваа го прославуваме овој ден.Ме радува масовноста и посетеноста од жителите, посебно на младите.Во Новаци фрлањето на крстот го организираме со црквата Св.Атанасиј во селото но традицијата се продолжува уште во 15-тина села во општина Новаци.Општината за сите среќници обезбеди подарок односно LCD телевизор. “ рече градоначалникот Котевски. Во Рибарци, село со 150-тина жители крстот се фрлаше во осветената вода на езерото каде учествуваа 8 верници но најсреќен беше Александар Стојановски. Во мариовското село Маково кое има 70-тина жители манифестацијата традиционално се одржува во црквата Св. Архангел Михаил каде за светиот крст се бореа 6 мина , а најсреќен беше 39 годишниот Зоран Ристевски, кој по втор пат за ред го наоѓа светиот крст. Овде за Богојавление-Водици традиционално сите жители вртат погача со паричка и на тој начин се бара новиот кум на манифестацијата. Кум годинава беше градоначалникот Лазар Котевски, а паричката ја добил Горан Атанасовски. Овој празник е еден од најголемите христијански празни¬ци. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Водици или Богојавление е денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. На овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и други празници. 10