Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 82

3.1 Вовед

Услугите водени од заедницата, во кои сексуалните работници ја преврземаат улогата на водење на теренски работи и надгледување на програмите за превенција на ХИВ, покажаа значителни предности во врска со ХИВ резултатите 17. Тие исто така им овозможуваат на сексуалните работници да ги разрешат стуктурните бариери за нивните права и да ги зајакнат со цел да ги променат социјалните норми за да се намали нивната ранливост кон ХИВ.
Услугите водени од заедницата се интервенции кои се дизнајнирани, споделени и следени од сексуалните работници кои:
• Градат соодветен и сигурен пристап до средствата( кондоми, лубриканти, игли и шприцови) и клиничките услуги преку теренска работа и упатствата
• Одговатаат на насилството врз сексуалните работници и воведуваат други структурни интервенции
• Нудат прогресивен пристап до промена на социјалното однесување што го зајакнува не само знаењето, тулу и вештините и системите, со цел да се направи превенција, грижа и третман
• Нудат формални и неформални системи за заедницата да обезбедат повратни информации за подобрување на квалитетот на клиничките и другите услуги, како и да ги спроведат на други начини
Вклучување на сексуалните работници како индивидуи или како цела заедница во создавање на фондации за силни интервенции против ХИВ, за поповолни услови и за зајакнување на заедницата. Тоа исто така ги прави програмите поефективни и поефикасни. Со истрајна поддршка, услугите водени од заедницата можат да развијат силни инцијативи што се однесуваат за решавање на структурните бариери и основни услови за ранливост и ризик.
Услугите водени од заедницата вклучуваат алатки и методи за фронталните работници кои се исто така поддржани и од програмските менаџери. Овој пристап од стана на заедницата дава сигурност дека сексуалните работници имаат водечка улога во интервенциите, вклучувајќи дизајнирање, спроведување и надзор. Повеќе видови на интервенции можат да воведат пристап воден од заедницата. Во ова поглавје се објаснети трите основни и највитни пристапи за подобрување на програмите за ХИВ: теренска работа водена од заедницата, безбедни места и комитети на заедницата и советувачки групи( Фигура 3.1)
17 зборот“ заедница“ во оваа алатка во повеќе контексти се однесува на популација на сексуални работници, наместо на географска, социјална или културна група во која што тие може да бидат дел. Додека, заедница на теренски работници се однесува на теренски сексуални работници, интервенции водени од заедницата се интервенции водени од сексуалните работници и членови на заедницата се сексуалните работници.
58