2.1 ВОВЕД
Препораки од 2012 година: Препораки за добра пракса 1. Сите држави треба да работат кон тоа сексуалната работа да не биде сметана како криминал и да ги елиминираат неправедните закони и законски регулативи против сексуалните работници 2. Владата треба да воведе нови закони за отстранување на дискриминацијата и други закони за заштита на правата за да ги заштити сексуалните работници од насилство и дискриминација, а и од други видови на насилство со кое се соочуваат со цел да се сфатат нивните човечки права и да се намали ранливоста кон инфицирање со ХИВ и влијанието на СИДА-та. 3. Здравствените услуги треба да бидат правени на интернет, да бидат пристапни и прифатливи за сексуалните работници. 4. Насилството врз сексуалните работници е ризичен фактор за ХИВ и мора да биде спречено со партнерство на сексуалните работници со организациите водени од сексуални работници.
Женските, машките и трансродовите сексуални работници се соочуваат со висок степен на насилство, стигма, дискриминација и други насилства врз човековите права. Насилството врз сексуалните работници е поврзано со непостојана употреба на кондоми или недостаток на познавање на начинот на употреба на кондомите и со високиот ризик на СПИ и ХИВ инфекции. Насилството, исто така, ги спречува сексуалните работници за информирање во врска со услугите за ХИВ.
Насилството од страна на СЗО е дефинирано како намерна употреба на физичка сила или моќ, како закана или физички контакт, против една личност, група или заедница што резултира со повреди, смрт, сексуално или психолошко малтретирање, или лишување од слобода( види кутија 2.1) Машките, женските и трансродовите сексуални работници можат да се соочат со насилство поради стигмата поврзана со сексуалната работа, која во повеќе поставки се смета како криминал или дискриминализација базирана на пол, раса, ХИВ статус, користење на дрога или некои други фактори. Поголемиот број насилства врз сексуалните работници се како манифестација на половата нееднаквост и дискриминација на женските, машките или трансродовите поединци кои што не припаѓаат во границите на половте и хетеросексуални норми, поради нивното феминизирано однесување или начинот на кој што ја изразуваат својата сексуална определба.
Моделирањето на процеките на два вида епидемии( Кенија и Украина) покажува дека намалувањето на од прилика 25 % на ХИВ инфекциите помеѓу сексуалните работници е добиено со намалување на физичкото и сексуално насилство. 10 Повеќе програми за ХИВ спроведуваат стратегии за спречување на насилството врз сексуалните работници и заштита на нивните права како интегрален дел од ХИВ превенција, третман и нега. Спречувањето на насилството им овозможува полесен пристап на сексуалните работници до здравствени услуги и донесување на нивни сопствени одлуки за начинот на кој што ќе се лекуваат.
30