Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 23
Принципи за воведување на сеопфатни програми за ХИВ и СПИ со сексуалните
работници
Неколку принципи ги поддржуваат Препораките од 2012 година и упатството за
ракување дадено во оваа публикација. Сите овие принципи дадени во документот
Препораки од 2012 година можат да бидат сумирани како:
• Зајакнување на заедницата е процес каде што сексуалните работници се
поддржани и поттикнати самите да се борат за своите човекови права, право на
здравје и сите ситуации во кои се наоѓаат и исто така да ги подобрат своите услуи
со цел да се намали ризикот од инфекција со ХИВ. Зајакнувањето на заедницата
е основен пристап кој ги поддржува сите интервенции и програмски компонети
спомнати во оваа алатка и тој не треба да се дели од нив.
• Учествување и водење на заедницата во врска со дизајнот, спроведувањето,
следењето и евалуацијата на програмите е исто така од голема важност.
Учествувањето и водењето помага да се изгради доверба со оние лица на кои овие
програми треба да им послужат, да се направат посеопфатни програми и да има
поголем одговор за сексуалните работници, а и да се создадат поволни услови за
превенција на ХИВ и сексуална работа.
• Програмите треба да ги разрешат структурните бариери. Сексуалните работници
имаат детално познавање на правните, социјални, културни и институциски
ограничувања што го блокираат нивниот пристап до услугите и не ги признаваат
нивните права. Нивното учество е важно за да се надминат овие бариери.
• Програмите мора да работат на повеќе нивоа. Програмите треба да се вклучат
во тоа како и каде се донесуваат операциските и политичките одлуки во врска
со финансирањето, здравствената нега, социјалните придобивки, едукација или
медиска покриеност. Сите овие области влијаат врз програмите за превенција на
ХИВ, како и на животот на сексуалните работници.
• Програмите треба да бидат сеопфатни – имајќи ги во предвид сите потреби кои ги
имаат сексуалните работници за пружање на нивните услуги – и комплементарни –
наоѓање на начини за координација и интеграција на пружањето на услугите, колку
е можно, да се направат подостапни и поефективни за сексуалните работници.
Тука спаѓаат и клиничките и не-клиничките услуги, кои не треба да се гледаат како
одделни области.
• Иако се базирани на Препораките од 2012 година за сексуални работници во земјите
со ниски или средни приходи, принципите кои ја поткрепнуваат оваа алатка и
операцискиот пристап што го презентираат, не се помалку релевантни од земјите со
високи приходи и треба да бидат гледани како минимални глобални стандарди.
XX