Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 166
со ХИВ, контрацепција, пренатални услуги, ПАП тест, правни совети, кондоми,
вакцинации, СПИ и тестирање за вирусен хепатитис.
Поддршка на заедницата за АРТ
Дополнителни елементи на заедницата кои би можеле да бидат обезбедени во
паралела со формалните клинички услуги за подобрување на АРТ и
здравствената заштита на сексуалните работници се:
• обучените теренски работници за да ги придружуваат сексуалните работници
во клиниките за да добијат АРТ. Ова треба да биде само под услов ако
сексуалната работничка тоа го сака. Теренски работници треба да се обучени да
ја разберат и да ја почитуваат доверливоста на сексуалниот работник којшто
прима третман.
• поддршка на заедницата и еманципација за ХИВ-позитивните сексуални
работници
• комисии на заедництаа за следење на услуги и повратни информации за да се
обезбедат соодветни, достапни и квалитетни третмани
• безбеден простор во заедницата (центар за поддршка и комуникација помеѓу
сексуалните работници).
Кутија 5.4
Пример за случај: Управување со грижа и третман за машки
сексуалните работници во Кенија
Здравствените опции за младите мажи поврзани со ХИВ, СИДА и сексуално
преносливи инфекции (HOYMAS-www.hoymas.org) започна во 2009 година, како
група за поддршка од машките сексуални работници во Најроби, Кенија. Тоа сега
обезбедува услуги за повеќе од 1.200 машки сексуалните работници, повеќе од
половина од нив живеат со ХИВ. HOYMAS е во сопственост на заедницата. Тоа
обезбедува широк спектар на ХИВ и здравствени услуги во безбеден простор,
со медицинска сестра на лице место за да им помогне со дневни прашања за
превенција, грижа и третман. Услугите вклучуваат:
• место за одмор за луѓе на АРТ
• медицинско складирање за мажи кои немаат безбедно место за чување на
нивните АРВ можат да ги остават во центарот и да ги подигнат кога и е потребно
•