сексуалните работници, обезбедување на АРТ има потенцијал да го спречи пренесувањето на ХИВ преку намалувањето на вирусно оптоварување. Сексуалните работници можат да се соочат со поголеми предизвици од општата популација во пристапот до ХИВ грижата и третман услугите и откако започна АРТ, да се задржување на заштитата и почитувањето на третманот. Ова е често поради стигмата и дискриминацијата во здравствени установи и нефлексибилност и непријатностите на извршување на услугата. Други пречки за успешно обезбедување на АРТ за сексуалните работници се мобилноста, криминализацијата на сексуалната работа, неизвесната имиграција или правниот статус, што може да ги спречи сексуалните работници за слободен пристап до АРТ во поставките каде што само државјаните на земјата имаат право на бесплатна медицинска нега.
Сепак, обезбедување на AРT за сексуалните работници е практично и е многу ефикасно за општата популација. Програмите за обезбедување на теренски услуги за сексуалните работници треба да се осигураат дека сексуалните работници знаат каде да се обратат за третман и да се поддржани во нивниот пристап кон АРТ и ТБ лекови.
Испитаниците на вредности и параметрите во истражувањето37 ја поддржаа употребата на истите АРТ протоколи како и за други возрасни лица со ХИВ. Потребата за универзално достапен третман беше потенцирана, вклучувајќи го и пристапот до третман за мигрантите и оние кои немаат исправни документи.
5.3.2 Основните дефиниции и услови на АРТ услугите
Консолидирани упатства на СЗО во 2013 година за употребата на антиретровирусни лекови за лекување и превенција на ХИВ инфекции претставува препорака за тоа кога да почне АРТ и за што да се користи.
• АРТ треба да се воведе за сите ХИВ позитивни лица со вредност за ЦД4 ≤500 клетки / mm3 без оглед на тоа во кој клинички стадиум се наоѓаат.
• Како приоритет, АРТ треба да се иницира кај ХИВ-позитивните лица со тешка и напредната ХИВ клиничка болест( СЗО клинички стадиум 3 или 4) и ХИВпозитивни лица со вредности на ЦД4 ≤350 клетки / mm3. • АРТ треба да им се понуди на ХИВ-позитивните лица, без разлика во кој клинички стадиум се или вредноста на ЦД4 клетките, во следниве случаи:
> Поединци истовремено инфицирани со ХИВ и активна ТБ болест > Поединци истовремено инфицирани со ХИВ и хепатитис Б вирусот( ХБВ) со докази за тешка хронична болест на црниот дроб > Бремени жени и доилки со ХИВ > ХИВ-позитивни двојки од кои едниот е ХИВ позитивен а другиот ХИВ негативен, за да се намали ризикот од пренесување на ХИВ на незаразениот партнер > Сите ХИВ-позитивни деца под 5 годишна возраст
Насоките исто така препорачуваат:
• користење на поедноставени, помалку токсични и поудобни антиретровирусни
37
Глобално мислење спроведено со сексуални работници од страна на NSWP како дел од процесот за подобрување на препораките од 2012та година
139