Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 145
4.3.3 Евалуација
Оценување на ефективноста на промоцијата и дистрибуцијата на кондоми со
сексуалните работници со додатоци и редовно следење на програмата
обезбедува клучни податоци за тоа дали овие програми ефективно ја
променуваат употребата на кондоми кај сексуалните работници и нивните
клиенти. Иако може да се користи на различни методологии и алатки за
оценување, меѓу најчестите се рутинско организирање за делење на кондоми и
собирање податоци околу продажбата, анкети за надзор на однесувањето,
истражувања за покриеност на локации за дистрибуција на кондоми и проценки
за процесот за рутинско користење и следење на податоци.
Истражувања за надзор на однесувањето се вршат редовно во интервали
(на секои 2 до 4 години) и со сексуалните работници и со клиентите за да се
утврди ефектот на интервенциите врз здравјето. Овие истражувања се
значајна мерка за промени во само-евиденцијата за употреба на кондоми, како
и за промените во идентификуваните мотивации и пречки за користење на
кондоми. Некои истражувања за надзор во однесувањето исто така можат да
се приклучат во тестирања на биомаркери со кои се мери преваленца на ХИВ /
СПИ.
Истражувањата за покриеност на територии со кондоми обично се
спроведува со вработени од страна на маркетинг програмите за социјална
промоција. Овие истражувања се исклучително корисни за земање примероци
од обезбедениот квалитет за да се измери нивото на опфатеност и квалитетот
на покриеност на кондомите во обележаните пописни реони.
Евалуација на процесот на користење на рутинско следење на податоци
може да биде инструктивен начин за мерење на напредокот на излезот на
програмата за кондом. Особено, индикаторот за снабдување на кондоми може
да се мери преку редовни извештаи и употреба на LMIS програмата. Преглед
на овие податоци во редовните интервали помага да се разбере дали
кондомите се доволно достапни на сексуалните работници.
121