Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 142

• Промотивни / образовни програми кои работат со трансродови сексуални работници треба да обезбедат информации за користењето на женски кондоми и безбеден секс по операцијата, меѓу другите теми.
Во сите случаи, програми кои и служат на машките и трансродните сексуални работници треба да работат со овие заедници да ги разберат нивните информации и потреби на добра, како и наменска промоција и информации за добрата. И машките и трансродовите сексуални работници можат да бидат многу поттиснати од средината и треба да постојат програми за нивна психосоцијална поддршка, ако е потребно. Машките и трансродовите сексуални работници треба да бидат услужени од страна на теренски работници од машки пол, со цел да се зголеми разбирањето и размената на идеи помеѓу сексуалните работници и работниците во заедницата.
Б. Стратешки преговори за употреба на кондоми Одлуката за тоа дали да се користи кондом или не, како и видот на секс што ќе го имаат обично се сведува на преговори меѓу сексуален работник и клиентот. За успешни програми за унапредување на успешното користње на кондом, заедницата ги испраќа теренските работници за да преговараат на тема стратегии за кондом и побезбеден секс за време на нивните состаноци со сексуалните работници со цел да се подобрат нивната преговарачки начини и вештини.
Преговарачки тактики препознаени од страна на сексуалните работници се:
• земање пари од клиентот пред сексуалениот однос, така што клиентот не може да одбие се плати поради употребата на кондомот
• услужување на клиентот на позната сексуална локација за секуална работа кадешто правилата налагаат на употреба на кондом
• преговарање со клиентот за да се впушти во секс без пенетрација
• зајакнување на заедницата; создавање на регулатива што ќе одбива незаштитен секс
• Ако ништо од набројаното не успее, и ако предложениот начин на секс е разумен, безбеден и изводлив сепак да се изврши одбивање на клиентот доколку не користи кондом
В. Програма за кондом за клиентите на сексуалните работници Клиентите на сексуалните работници често ја донесуваат конечната одлука за тоа дали ќе се користат кондоми, но тие се често занемарени во програмите за превенција на ХИВ. Земји кои успешно го намалија растот на нови инфекции кај сексуалните работници и нивните клиенти често земаа чекори за промена на ставовите и однесување на клиентите наместо да се фокусираат само на однесувањето на сексуалните работници. Како што претходно наведовме, масовните медиумски кампањи се важни компоненти на програмата за кондом за клиентите на сексуалните работници, кои тешко се постигнат само со теренски работници. Исто така, работата на програмите за промоција на кондоми за промовирање на употребата на кондомите во сектори на вработување треба да бидат поинтензивни, со
118