за демографија и морбидитет, пресметување на интересот на населението и програмните планови( погледни на сектор 4.4 водич на предвремена контрацепција која вклучува и кондоми). Државната програма за кондом треба да има блиска соработка со организациите кои им помагаат на сексуалните работници редовно да побаруваат( еднаш месечно, на две недели или секоја недела) извештаи за потрошувачката на кондоми и со тоа да се процени бројката на кондоми за дистрибутирање до сексуалните работници за одреден временски период. Кога ЛМИС постои, организациите коишто соработуваат со сексуалните работници треба да бидат вметнати во ЛМИС за да приложат извештаи за потрошувачката на кондоми и лубриканти и евентуални промени во истите.
“ Јасна програма за кондом” спроведена од владата треба активно да вклучува организации предводени од сексуалните работници заедно со опшествените организации во предвремената набавката на кондоми и лубриканти, во распределбата на пазарот и во дистрибуцијата и промоцијата на кондомите и лубрикантите. Воедно, охрабрувањето на сексуалните работници да заземаат улога во дистрибуцијата на кондоми и лубриканти допринесува за подигнување на свеста на обичниот граѓанин за употреба на кондоми. Со различен пристап за услужување на населението, организациите на сексуалните работници се главна точка за дистрибуција на кондоми, при што даваат безбедни кондоми и лубриканти, повеќе познати како локации 27 на сексуалните работници, и исто така со помош на заедницата ги поттикнуваат работниците да земат учество во рутински здравствени прегледи.
Сексуалните работници треба да бидат ангажирани од почеток до крај во планирањето, таргетирањето и вметнувањето на кондоми и лубриканти до точките на дистрибуција. Табелата 4.2 прикажува битни прашања за тоа што треба да прашаат поттикнувачките организации во врска со планирањето на соодветни набавки на кондоми за сексуални работници.
27
Безбедна локација е место каде што се среќаваат сексуалните работници за одмор, за средба со друг член на зедницата, за одржување на друштвен настан, состаноци и обуки. За повеќе информации погледни во Глава 3, Сектор 3.3
107