Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 117
работници до услугите и нивното ниво на само-ефикасност (верување во
способноста на поединецот да превземе акции под одредени услови). Тие биле
користени како самостојни индикатори за застапувачки цели, а во индексите за
академски истражувања, каде можат да бидат споредени со цел да се одредат
причините и медијаторите на однесувањето и ризикот од ХИВ и СПИ, а и да се
покаже степенот на зајакнување на заедницата.
Индикаторите се оценети преку поставување на прашања на сексуалните
работници за нивното ниво на самодоверба и што тие би превземале на разни
прашања за ситуации и проблеми. ( “ТИ““, во текстот се однесува на сексуален
работник).
• Само-ефикасност за користење на кондомот: Колку си сигурен/на во
твојата способност да користиш кондом со секој клиент:
o Иако тој се налути?
o Иако ти нуди повеќе пари за секс без кондом?
o Иако си под дејство на алкохол или дрога?
• Само-ефикасност за користње на СПИ клинички услуги: Колку си
сигурен/на околу одење на клиника за СПИ услуги, иако здравствените
работници:
o Знаат дека си сексуален работник?
o Се однесуваат лошо со тебе?
o Не ти ги обезбедуваат потребните услуги?
• Само-ефикасност за користење на HTC клинички услуги: Колку си
сигурен/на околу одење на клиника за HTC услуги, иако здравствните
работници:
o Знаат дека си сексуален работник?
o Се однесуваат лошо со тебе?
o Не ти ги обезбедуваат потребните услуги?
• Само-ефикаснот за користење на клинички услуги:
o Знаат дека си сексуален работник?
o Се однесуваат лошо со тебе?
o Не ти ги обезбедуваат потребните услуги?
• Само-доверба за јавно обраќање: Колку си сигурен околу давање на
совети на твоите колеги сексуални работници или да го искажеш своето
мислење пред поголема група на луѓе?
• Колективно застапување: Дали некогаш со преговарал или застанал
против следниве поединци со цел да му помогнеш на колегата сексуален
работник:
o Полиција?
o Сопственик на бордел?
o Член на банда?
o Клиент?
o Редовен партнер?
• Ефективност на колективот: Дали си работел заедно со другите
сексуални работници со цел:
o Да се заштитите од малтретирање?
93