Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 113

3.4.2 Други пристапи водени од заедницата за зајакнување на квалитетот на клиничките услуги

• Склучување договор со клиниките за упатување со цел да се прикажат правата на пациентот, кои се дадени во политиката на владата за сите оние кои што посетваат здравствена установа.
• Склучување договор со повисоките медицински службеници за да објават инфомации во клиниките за стекнување на самодоверба.
• Дизајнирање на начини за проширување на информациите околу услугите во заедницата, на пример, добрите доктори да одат на спекулум тестирања, или доверливи тестирања и советувања. Овие информации можат да бидат објавени на нивната затворена Фејсбук страница.
• Распоред за редовни посети на клиентите со главниот медицински службеник со цел да се пријават проблемите со кои соочуваат во врска со установата
• Едукација на заедницата околу правата на пациентот и следењето на услугите базирано на заедница.
• Формално запознавање на членовите од комитетот со пружателите на здравствените услуги.

3.4.3 Проценка на квалитетот на заедницата во следење и евалуација

Следење на квалитетот на спроведување на услугите
Програмите се поефективни кога рутината на следење е дизајнирана за локален влез и постојат системи за користење на податоците на ниво на заедница. Идеално би било кога програмот на централно ниво би ги вклучил овие страни за управување со цел да се одреди која информација е корисна за следење на програмот.
Таму каде што интервенциите не се сеуште водени од заедницата, лидерите на заедницата треба да се консултираат за видот на следење и мерење кои се важни за да се подобри квалитетот на услугите и теренската работа. Сите програми треба да ги собираат и пријават податоците за следење на процесот и да го оддржуваат програмот за оние што го користат. Важно е да се развие јасен став за тоа како се собираат податоците, кои податоци се собираат и како ќе бидат искористени овие податоци. Податоците не треба само да се пријават на надлежните, туку треба да се изгради пристап овие податоци да ги користат и на локално ниво. Ова е важно затоа што целите што се поставуваат на многу високо ниво често се неисполнети и покрај тоа што се
89