Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 111

3.4 Подобрување на квалитетот предводен од заедницата

Комитети на заедницата
• Основен механизам за заедницата да обезбеди повратна информација и да го обликува квалитетот на програмските услуги
• Редовни состноци за оценување на услугите, решавање на проблеми, следење на проблемите, градење на разбирливоста и одговорноста и решавање на другите проблеми ви заедницата

3.4.1 Комитети на заедницата

Комитет на заедницата е форум за членовите на заедницата да направат важните проблеми и решенија да го привлечат вниманието на програмот на рутинска база. Комитетите ги оценуваат клиничките услуги, дистрибуција на средствата, функционирањето на безбедните места и иницијативите за решавање на структурните бариери. Членовите на комитетот треба да бидат избрани од страна на заедницата на редовна база, на пример, годишно. Релевантните вработени во спроведувачки организации можат да бидат членови на комитетот или да бидат повикани да присуствуваат на некој состанок каде што ќе дискутираат за проблемите што доаѓаат.
Како што е покажано во структурата за менаџирање на услугите од заедницата илустрирано во Поглавје 6, Фигура 6.3, комитетите на заедницата примарно работат фронтално, иако тие можат да придонесат за надгледување на програмот на ниво на општина.
Комитетите на заедницата треба се се состануваат месечно. Извештајот од состанокот, како тој покажат на Фигура 3.10 може да биде користен за систематско разгледување на проблемите и извештај за програмот.
Кога вработените на програмот или самите теренски работници ќе превземат некаква акција, резултатите треба да бидат споделени на следниот состанок за да се осигура добрата комуникација со заедницата. Треба да се задржи еден примерок од оваа акција и дискусија. Комитетот исто така може да биде и комуникациски канал за програмот да може да дискутира за некоја промена на која се смета и да ги сподели податоците од следењето со заедницата.
87