2-ри јуни – Меѓународен ден
на сексуалните работници
Секоја година на 2-ри јуни се одбележува Меѓународниот ден на сексуалните
работници. Како повод за одбележување на овој ден претставува акцијата во
1975 година, кога на 2-ри јуни се собрале околу 100 сексуални работници кои
ја окупирале црквата Св. Низиер во Лион, Франција, со цел за да го изразат
својот гнев за нивните криминализирани и експлоатирани услови за живеење и
работење. На 10-ти јуни во 5 часот црквата била брутално нападната од страна
на полициските сили. Настанот се смета за раѓањето на модерното движење за
правата на сексуалните работници. Оваа нивна акција предизвика национално
движење, и оттогаш секоја година овој ден се слави во Европа и низ светот.
По повод Меѓународниот ден на сексуалните работници, сексуалните работници
ги бараат своите права. Треба да се осуди неправдата врз сексуалните
работници, корупцијата и закони кои ги влошуваат нивните услови за работа,
насилството кое постојано се врши врз сексуалните работници и скандалозното
и срамно медиумско претставување на сексуалната работа.
2