Sex Workers' Lifestyle Sex Workers' Lifestyle_Final (1) | Page 6
Апстракт
Оваа публикација ги содржи клучните наоди од истражувањето на
животниот стил на сексуалните работници од различни сцени (отворена
и затворена) на сексуалната работа во Скопје. Беа спроведени интервјуа
со мажи, жени и трансродни лица кои моментално се занимаваат со
сексуална работа, со цел да се добијат детални информации во врска
со нивното секојдневие, опкружување, интимниот живот, досегашните
искуства во сексуалната работа и односот со клиенти, како и нивната
психичка и физичка здравствена состојба. Квалитативната анализа даде
различен приказ во однос на животиот стил и начинот на работа кај
сексуалните работници, додека насилството, проблемите со клиентите,
ограниченото користење на здравствени услуги се преовладувачки
фактори кои ја отежнуваат нивната работа. Комбинацијата на овие
неповолни фактори ја зголемува веројатноста за социјална исклученост
на сексуалните работници во општеството.
3