Sex Workers' Lifestyle Sex Workers' Lifestyle_Final (1) | Page 27

6. Заклучоци
Учесниците во студијата беа мобилизирани од една област, т. е. од Скопје. Сепак, треба да се има доза на претпазливост при генерализирање на животниот стил на сексуалните работници во други области, т. е. во цела Македонија, бидејќи сексуалното однесување е различно во различни области како и проблемите со кои сексуалните работници секојдневно се соочуваат.
Со истражувањето спроведено на помала група сексуални работници и обработката на податоците од оваа студија може да се дојде до заклучок дека сексуалните работници генерално се соочуваат со социјална исклученост.
Сексуалните работници имаат поспецифичен животен стил од останатите, што придонесува до зголемување на стигмата и дискриминацијата врз оваа маргинализирана група луѓе. Животниот стил на сексуалните работници се карактеризира со oграничен пристап до здравствени услуги, несигурни животни и работни услови, изложеност на насилство од страна на клиенти, дискриминација и стигма од страна на поширокото општество.
Сексуалните работници работат во несигурни услови и се изложени на насилство и манипулација од страна на клиентите, што е резултат на несоодветната регулација на сексуалната работа во Република Македонија. Истата допринесува сексуалните работници да не говорат јавно за својот професионален живот, ниту пак истото да го споделуваат со партнерите и семејството. Сексуалните работници немаат доволен пристап и доверба во здравствените услуги кои ги нудат државните институции и поради тоа многу ретко ги користат. Најчесто ги користат услугите кои се нудат од невладините организации и сервис провајдерите. Со цел да се приближат здравствените услуги од државните институции до корисниците, во овој случај сексуалните работници, потребно е да се сензибилизираат здравствените работници да работат со оваа маргинализирана група луѓе и да соработуваат со граѓанските сектор.
24