S-Work S-Work | Page 9

ЕСКОРТ СО ТРИ ЛИКА

Додека го пишувам ова чувствувам внатрешен немир, безброј случки од минатото ми поминуваат пред моите очи...
Јас сум Емил, Алекс и Сузи, но пред се дечко кој што се занимава со сексуална работа..
Имам 33 години, роден сум во Скопје. Моите тинејџерски години беа во време кога во Македонија беше премногу тешко да се егзистира. Време кога бев млад, кога сакав забава, патувања, студии, период кога го посакував она кое што го живеат другите да го живеам и јас. Време кога државата не им даваше никаква поддршка на младите..
Започнав со Емил, тоа беше моето прво уметничко име, моето прво искуство во сексуалната работа. Тоа беше далечната 2000- та година. Работев на отворена сцена каде што работат повеќе девојки, но најчесто работев по оние места каде што излегуваат мажи кои што бараат секс услуги од млади момци.
Беше пролет, бев излезен на едно од крузинг местата, каде што полесно можете да најдете партнер за секс. Во еден момент се појави човек, на отприлика 50 годишна возраст, човек во чии очи се гледаше дека одмна немал допрено младо тело. Ми прозборе на англиски и од мене побара да го придружувам во неговата хотелска соба во еден познат скопски хотел. По завршување на играта, сфатив дека на ваков начин можам да заработувам за да си ги задоволам сите потреби како еден млад студент. Оттогаш започнав да нудам услуги, но тоа не беше само секс, туку беше целосна игра, понекогаш имаше разменување и на нежности, сослушување на осамени клиенти, нудење на масажи, забава.
Постојат премногу случки кои ги паметам до ден денес и кои ми оставиле голем впечаток, но има и такви кои се заборавени, но една случка никогаш нема да ја заборавам. Бев на повик кај еден дипломат во Македонија, кој по завршувањето на услугата ми рече: „ По вас многу плукаат, но многу повеќе ве посакуваат и бакнуваат“. Ова ми беше мотив за да продолжам со работата која ја сакам и ме направи горд што сум сексуален работник, но и еден од мотивите за моето започнување со активизмот поврзан со ЛГБТ заедницата и сексуалната работа.
можност слободно да патуваме надвор од државата и особено сум среќен што можам да ја работам оваа работа во Европските земји. До неодамна бев во Грција. Одлучив да заминам на „ печалба“ на еден од Грчките острови. Ова место ми даде можност да го спојам одморот, забавата и работата. Бев вработен во еден од најпознатите клубови во Грција, на почетокот како келнер, а подоцна мојата обврска беше да ги занимавам и анимирам гостите со цел да направат поголеми сметки. Ваквата улога навистина ми одеше од рака. Но, покрај ова исто така договарав и средби за одреден надомест и по завршување на смената во клубот.
Откако се вратив во Македонија заедно со уште 3 сексуални работници започнавме со неформално активистичко движење кое подоцна се оформи во невладина организација СТАР. Целта на организацијата е да ги застапува токму нашите прави. Организација во која поголемиот број од активистите се сексуални работници и единствена која работи во насока на застапување на нашите потреби и интереси.
Преку сексуалната работа се стекнав со различни искуства, и како секоја друга работа и оваа си има свои позитивни и негативни страни. Дури по долгото работење на Хотлајн и нудење сексуални услуги сфатив дека како човек кој што е деградиран од општеството, сепак сум многу понормален за разлика од многубројните клиенти кои само навидум важат за луѓе кои што живеат по правила и норми на општеството.
Во иднина поради мојата возраст можеби помалку ќе се занимавам со сексуална работа, но никогаш нема да ги заборавам моите позитивни и негативни искуства од минатото како сексуален работник. Но тие ќе ми останат како нешто што ќе ме води понатаму во животот, т. е да ги застапувам правата на сите оние кои што се занимаваат со сексуалната работа, воедно и да им овозможам на моите пријатели и луѓето од општеството да ја запознаат сексуалната работа како работа. Ова не е само обичен и измислен текст, туку вистинска приказна од нашето секојдневие!!!
Од 2010-та продолжив со Алекс и Сузи. Ова се двете мои уметнички имиња кои што и ден денес ги користам. За среќа, сега имаме
9