ИСПОВЕД НА ЕДНА 23 ГОДИШНА СЕКСУАЛНА РАБОТНИЧКА
Оваа 23-годишна девојка преку ден студира, навечер работи како сексуална работничка. Сакајќи да го сокрие својот вистински идентитет, нашиот соговорник ни се претстави како Анастасија.
„ Имам 23 години, со оваа работа започнав на мои 18 години, паралелно студирам на еден од факултетите во Скопје и сум при крај на третата година. Горда сум на својата работа, бидејќи се однесувам како вистински професионалец во оваа работа која ја работам. На почетокот започнав да работам како стриптизерка во еден стриптиз бар,“ вели Анастасија.
Анастасија си ја сака својата работа, единстевно што и пречи е насилството кое постојано го гледа и е присутна во оваа професија.
„ Единствено само насилството не го одобрувам, се друго ми е ОК со оваа работа“, додава. на силување, грабеж и уцени, но сепак се немоќни тоа да го пријават и докажат. Наместо правда неретко се соочуваат со парични и затворски казни.
„ За жал, не сме рамноправни пред законот и затоа насилствата, уценувањата и силувањата завршуваат во молк и остануваат неказнети,“ вели Анастасија.
„ Во оваа работа го нудиме своето тело, не користиме некој друг, што би значело: Мое тело, мој избор, моја одлука.“
Има сексуални работници кои отворено зборуваат за својата професија, но има и такви кои не сакаат да излегуваат и зборуваат во јавност. Според Анастасија, има девојки чии партнери сепак знаат што работат и секако ги поддржуваат. Во иднина, Анастасија сака да има партнер и семејство кое целосно ќе ја поддржува.
Анастасија вели дека има најразлични клиенти: од обични работници, бизнисмени, па се до високи функционери, но не сака да ги открие нивните имиња. Клиентите ги наоѓа преку посредници, од таксисти до вработени во хотели и мотели. Нејзината заработувачка е поголема од 500 евра месечно, но сепак како што тврди таа, сепак во оваа работа како и во секоја друга постои голема конкуренција.
„ Јас сум личност без предрасуди, никого не дискриминирам, и сакам да си најдам партнер кој ќе ги има истите ставови и кој ќе има разбирање за различностите во општеството,“ додава таа.
За себе вели дека еден ден се гледа како успешна жена и планира да ја работи оваа работа се додека е способна.
„ Во оваа сиромаштија, сметам дека мојата работа ми носи добра заработувачка. Работам само со одредени клиенти, од обични работници па се до бизнисмени и познати јавни личности. Најчесто клинтите ги наоѓам преку контакти од таксисти, шанкери, келнери по дискотеките и клубовите, хотелски рецепционери и секако преку моите пријатели. Многу лесно се наѓаат клиенти, бидејќи услугите кои ги нудиме се користат секојдневно и насекаде,“ вели Анастасија.
„ Цената за сексуалните услуги е индивидуална и секако зависи од самиот сексуален работник, од начинот на кој работи и со кого работи, и секако да не изоставиме многу е важно и местото каде што сака да работи“, додава таа.
„ Работам во хотели и приватни станови, бидејќи на овие места се чувствувам најбезбедно. За девојките кои работат на отворено, на улица можам да кажам дека се поизложени на насилство и злоупотреба“.
„ Планирам да ја работам сексуалната работа се додека ме држи моето тело, се додека сум способна. Ќе работам се додека се чувствувам убаво во ова тело, се додека клиентите ме обожаваат и ме бараат“.
Сексуалната работа е како секоја друга работа и ако постои рамноправност во општеството би се намалило насилството врз сексуалните работници.
„ Нашата работа е како секоја друга, ние на никого не му штетиме, само бараме да бидеме рамноправни во ова општество, а со тоа би се намалило насилството кое секојдневно го трпат сексуалните работници. Секако, би имале и подобри услови за работа, и пристап до здравствени услуги кои ни требаат“, вели Анастасија.
Често сексуалните работници се жртви 7