S-Work S-Work | Page 5

ИСПОВЕД НА ТРАНСЕКСУАЛНАТА РАБОТНИЧКА- ЕЛЕОНОРА КРОСА

„ Првата посериозна врска ја започнав на 14 годишна возраст која траеше точно три години“ – започнува да раскажува Елеонора( уметничко име).
„ Откако првата врска ми престана на само 17 години, почнав да нудам сексуални услуги. На почетокот како нова сексуална работничка имав премногу клиенти, но со текот времето бројот на клиенти почна да се намалува. Потоа започнаа проблемите. Добивав закани од страна на други сексуални работнички и од луѓе кои не беа запознаени со ваков тип работа. Бев дискриминирана поради тоа што ја намалив цената на услугите. Но, и покрај заканите сеуште се борам за моите права затоа што знам дека тоа е мое тело и можам да правам со него што сакам“.
Како сексуална работничка Елеонора додека работела на отворена сцена била нападната од страна на еден клиент, а немилиот настан го раскажува во целост: „ Додека работев на отворена сцена, ми се случувало да бидам психички и физички нападната од страна на стрејт клиенти, откако ќе дознаат дека сум всушност маж. Едниот од нив дури ми се обрати со дрзок глас да ја извадам периката, на што јас се спротиставив и му одговорив само со НЕ. Поради тоа почна да ме напаѓа и психички и физички. По немилиот настан, појдов во полициска станица, каде што дадов изјава за нападот, но инспекторката која беше таму ми одговори дека без информација некаква за напаѓачот неможе да се покрене никаква постапка. Откако и кажав кој сум и со што се занимавам и дека истиот тој што ме нападна физички е човек кој го познавам и кој живее во моја близина, побарав од инспекторката да бидам придружуван од полициска патрола за да им покажам кај живее напаѓачот. Токму во тој момент, на самиот излез во полициската станица се појави напаѓачот со видливи повреди на неговото лице“.
„ Додека јас давав изјава за нападот, без да бидам известен, во една од другите соби и тој давал изјава против мене. Ситуацијата се промени, наместо јас да бидам оштетениот, на крајот испадна да бидам тужениот. Во тој момент ја повикав инспекторката да разговарам со неа на само, бидејќи пред вратата се собраа група полицајци кои ме гледаа чудно и се смееа. Инспекторката ја затвори вратата и побарав да добијам адвокат и да биде повикана Брза помош, бидејќи не се чувствував добро, а воедно дека нема да одговарам на ниту едно прашање без присуство на адвокат. Инспекторката дозна дека сум вработена во невладина организација. За брзо време во станицата пристигна
5
Брзата помош, а докторите побараа да бидам однесен во болница поради повредите што ги добив на главата. Се качив во Брзата помош, придружуван од двајца полицајци и веднаш бев пренесен во болница. Откако завршија прегледите докторот побара да се направат и ренгтен снимки“.
„ Одејќи по ходникот, ги слушав вработените како ме оговараа за тоа што сум. Докторот кој ги слушнал навредите ме повика кај него во ординација и ми се извини во нивно име за навредите. Ми рече дека за него сите луѓе се исти со еднакви права и дека жали за тоа каков е менталитетот во нашата земја. Откако резултатите беа готови, докторот побара од полициските службеници да ме придружуваат до мојот дом. По неколку месеци поднесов приватна тужба. Бев шест пати повикан, од кои три пати обвинетиот не се појави. Знаејќи ги своите права побарав од судијата присилно да го донесе обвинетиот пред судот. Веќе на петтото судење беше присутен обвинетиот, заедно со неговиот чичко и адвокат, и јас бев со мојот адвокат и сведокот кој го раскажа целиот настан. Во истиот момент чичкото на обвинетиот ми се доближи и ми се закани дека ќе ме чека долу пред вратата на судот. Јас од страв, од судијата веднаш побарав да бидат задржани уште некое време додека јас да си заминам. Барањето беше прифатено, правдата беше задоволена, мојот адвокат го доби случајот и како сексуална работничка си ги добив своите права“.
Поголемиот дел од времето Елеонора го има поминато во странство работејќи и нудејќи ги своите сексуални услуги.
„ Покрај тоа што работев некое време во Македонија, работев и во странство. Надвор од Македонија работев како транвестит, а во Швајцарија како жена. Имав работено и во Западна Европа: во Австрија, Германија, Словенија и тоа како ескорт. Најчесто работам во клубови, во станови на повик, сауни, и на отворена сцена. Ја сакам работата со која се занимавам, меѓутоа поради несоодветни услови во Македонија, работам во странство. Како сексуален работник се борам за своите права и за целата заедница со која работам. Работам како сексуална работничка-активистка и им помагам на своите колеги без разлика на националноста. Како активистка должност ми е да ги советувам за нивната безбедност и здравје и да ги поттикнам да се борат за своите права. Продолжувам да ја работам оваа работа со душа и тука сум да помогнам на секој нов што сака да се вклучи во сексуалната работа“.