S-Work S-Work | Page 11

ОТВОРЕН РАЗГОВОР СО ЕДНА ТРАНВЕСТИТКА ОД СКОПЈЕ

Имавме можност и привилегија да дознаеме повеќе за животот на една 27 годишна транвеститка од Скопје која се занимава со сексуална работа.
„ Родена сум во предградието на Скопје. Потекнувам од традиционално семејство со кое живеев за време на целото мое детство. Како дете бев навистина сакан и почитуван не само од моето семејство туку и во друштвото и околината. Јас сум син на еден прав Балканец. Како поминуваше времето, така се повеќе стануваше јасно дека сум поразлична од моите врсници, а тоа го забележуваа и моите родители.“ – раскажува Лила, како да сака тој дел од нејзиниот живот да го прескокне. Направи кратка пауза, се намурти и продолжи.
„ Уште во детството бев поразлична од другите. Тоа се забележуваше уште од Основно училиште. Не ме интересираше спорт, сакав само да играм. Моите ми забрануваа, се плашеа дека можеби ќе станам геј. Но тоа не оди баш така. Јас сум жена која е заробена во машко тело. Тоа е за мене вистината, како што за тебе е вистина дека имаш плави очи. Мојот татко не можеше да го прифати тоа, не можеше да поднесе синот да биде ќерка, дури и по цена синот да биде и длабоко несреќен. Па затоа се криев.“ – продолжува Лила.
Сум се соочувала со навистина непријатни ситуации, кога одредени клиенти барале да им се вратат парите назад, ми се заканувале итн., но секогаш сум гледала тоа да биде решено на мирен начин, бидејки нашите институции не преземаат ништо ако ти се случи нешто непријатно како силување, и било какво малтретирање, физичко или психичко. Денеска покрај мојата работа, ја сум и активистка за човекови права и од неодамна станав дел од здружението за поддршка на сексуалните работници- СТАР-СТАР.
За транс личностите дури и нивното појавување во јавност како шетање по улица е опасно. Ако одам до продавница, некој веднаш ми префрла. Тешко е да те сфати некој кој воопшто не те познава, а сака да те повреди, а ти на него не му мислиш зло. Многу е тешко за другите транс личности кои лесно се препознаваат. Ми се случило дури и девојки да ми бидат љубоморни ако нејзиниот дечко го сврти погледот кон мене. Има некои луѓе кои откако подобро ќе ме запознаат сфаќаат дека сум нормална личност како и секоја друга, која сака да се шегува и дружи, меѓутоа со свој личен избор за сексуалната ориентација, како и работата што ја работам.
„ За време на пубертетските години, на 14 годишна возраст сфатив дека нема враќање назад, а на 16 години почнав да се облекувам како девојка. Знаев дека нема да биде воопшто лесно.“- ни раскажува Лила. Повеќе не и е непријатно да разговара со мене. Не ме познава, но добро се познава себеси.
„ Кога првиот пат купив женска гардероба, како нешто во мене да се промени. Тоа сум јас. Бев среќна, но незнаев дека ќе ме чека голема борба.“ – кажува низ смеа. „ Сестра ми повеќе ме сака, но има и некој кој ме мрази.“
„ На мои 24 години започнав да се занимавам со сексуалната работа. Почнав како масерка на еротски масажи, но со текот на времето почнав да нудам и секауални услуги. На инсистирање на една моја другарка исто така транс личност, започнав со масажи и таа ме упати во оваа работа. Сега работам сама, во изнајмен стан во Скопје. На почетокот работев исклучиво по препорака од други сексуални работнички, се додека не стекнав мои постојани клиенти. Клиентите ги наоѓав преку разни печатени огласи, но и на многубројни интернет сајтови.
11