Одбележан Маршот на црвените чадори на 17-ти декември- Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници
На 17-ти декември, во центарот на Скопје, по деветти пат беше одбележан Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. Беше одржан Марш на црвените чадори со цел да се потенцира загрижувачката состојба во која сексуалните работници живеат и работат. Преку овој настан сексуалните работници, поддржувачи и активисти се приклучија кон солидарноста на оваа маргинализирана група граѓани, барајќи подобри услови за работа и свет без насилство.
На овој ден се собравме да ја обновиме нашата посветеност и борба за подобра иднина, за поголема видливост и добивање на загарантираните човекови права.
Со слоганот „ СЛОБОДНИОТ ИЗБОР Е ПРАВО, А НЕ ПРИВИЛЕГИЈА“ сакаме да пренесеме порака која ќе допре до јавноста за се повеќе присутното насилство и дискриминацијата врз сексуалните работници ширум светот. Наша единствена цел е да се запре насилството и тортурата кои секојдневно ја трпат сексуалните работници од општата популација, клиентите и институциите.
Ви пренесуваме дел од атмосферата преку фотографии.
2