Источна
Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Европа
Сексуалните работници ја заземаат театарската сцена раскажувајќи ги своите приказни
Криминализацијата на сексуалната работа е широко распространета, иако во многу земји истата е сеуште нејасно формулирана. Најчесто се казнуваат клиентите кои користат сексуални услуги на сметка на безбедноста на сексуалните работници, а исто така во многу земји е забрането јавното огласување преку интернет, со што се загрозуваат работните услови на сексуалните работници.
Законот за криминализација неможе да придонесе сексуалната работа да исчезне, ниту пак има за цел да ги подобри условите за работа кај сексуалните работници или пак да ја намали штетата од општеството која сексуалните работници секојдневно ја трпат. Напротив, овој закон само им наштетува на сексуалните работници, кои би се криеле и тајно би работеле, а со тоа би се зголемило насилството врз нив.
Криминализација ги загрозува сексуалните работници
Со криминализација на клиентите, односно корисниците на сексуалните услуги, им се прави само поголема штета на секусалните работници.
Се додека се казнуваат клиентите, сексуалните работници ќе бидат тие кои ќе застанат во нивна одбрана, бидејќи токму тие се извор на нивните приходи. Продавањето и купувањето сексуални услуги ќе се одвива зад затворени врати и тајно, со што пак може да се загрози безбедноста на сексуалните работници. При тоа, сексуалните работници не сакаат да пријават насилство и злоупотреба во полиција, од страв да не бидат криминализирани. Со ова може само да се потврди дека секој дел од законот за криминалзиција ги доведува сексуалните работници во опасност.
Транс сексуалните работници се изложени на поголем ризик. Транс жените се постојано изложени на социјална дискриминација и неможат да најдат работа
12