20ти ноември Меѓународен ден
на сеќавање на трансродовите
жртви
М
еѓународниот ден на сеќавање на трансродовите жртви се обележува секоја година на 20-ти
ноември како ден на сеќавање на сите жртви кои ги изгубиле своите животи, како резултат
на трансфобија и поради неприфаќањето на родовиот идентитет и сексуалната ориентација од
страна на припадниците на поширокото општество. Одбележувањето на овој ден има за цел да го
сврти вниманието кон насилството со кое се соочуваат лицата од трансродовата заедница.
Овој ден за прв пат се одбележал во 1999 година, во спомен на Риту Хестер, трансродова жена
која била брутално убиена неколку години претходно. Нејзиниот случај останал нерешен, како и
повеќето случаи на насилство врз трансродовите лица. И во последните години, оваа ситуација
останува непроменета. Имено, официјалните бројки покажуваат дека во текот на 2014 година се
случиле 226 убиства на трансродови лица ширум светот.
Трансродовите лица и понатаму остануваат незаштитени и маргинализирани во општеството. Тие
немаат соодветна можност за пристап до јавните сервиси. Тоа значи дека отежнувачките
околности во врска со базичните документи, односно документите за лична идентификација,
претставуваат пречка за понатамошни процедури, во различни области – медицинска грижа и
здравствена заштита, законодавство. Во таа смисла, незаштитувањето на трансродовите лица
води до состојби на постојано расцепување помеѓу социјалноста на родот и биолошкиот пол, како
и постојана осуда од страна на општеството заради нарушувањето на нормите и претставувањето
на можноста за различен начин на живот и за отфрлање на билошките детерминанти.
Присуството на стигма и дискриминација кон оваа заедница, ги изложува трнсродовите лица на
насилство, малтретирање и социјална исклученост. Оттука, апелираме на висока институционална
и јавна свест за големиот ризик од дела на омраза каде што жртви се трансродовите лица и
апелираме на ефективност на јавните сервиси кога во прашање се потребите и правата на
трансродовите лица.
2