S-Work No.79 79 | Page 3

„Многу транс жени бегаат од насилство во нивните матични земји и мигрираат со цел да најдат безбедни места каде што ќе можат да живеат и работат без страв дека би можеле да бидат убиени поради изразување на својот родов идентитет или сексуална ориентација“. Истражувањата покажале дека помеѓу 2008 и 2018 година, биле убиени 2,982 транс лица од кои 62% биле сексуални работници. Меѓународната организација ИЛГА признава дека голем број ЛГБТИ поединци започнуваат да ја работат сексуалната работа поради трансфобија, бифобија и хомофобија, кои им го ограничуваат пристапот до образование и други форми на вработување, а истовремено ја осудуваат криминализацијата на сексуалната работа, вклучително и криминализацијата на клиентите. Лука Стевенсон, координатор на Меѓународниот комитет  за  правата  на  сексуалните работници во Европа – ICRSE, кој претставува мрежа од 100 организации додава: „Се поголем број земји во Европа како и на глобално ниво го спроведуваат или разгледуваат репресивниот Шведски модел за криминализација на клиентите, игнорирајќи ги огромните докази дека сите форми на криминализација на сексуалната работа директно ја зголемуваат ранливоста на сексуалните работници на насилство, ХИВ и кршењето на човековите права. Го поздравуваме потегот на ИЛГА кои сакаат да ги слушнат сексуалните работници и да ги поддржат нивните права преку декриминализација“. 3