в
Нов поглед на животот на
една трансродова жена
Оваа трансродова жена воопшто не се плаши да зборува за својата транзиција, напротив
смета дека со поголема транспаретност за транс заедницата во медиумите ќе се помогне во
решавањето на многу негативни и штетни стереотипи.
Кога започна да сфаќаш дека припаѓаш на спротивниот пол?
Уште во најраното детство чувствував потреба да се облекувам како девојче. Секогаш кога моите
беа на работа или одеа на гости, јас ја користев приликата да бидам сама и се облекував во
фустаните на мајка ми. Користев од шмините на мајка ми и стоев пред огледалото замислувајќи
се дека сум девојче. На 16 години сфатив дека сум поразлична од другите момчиња, се до мои 26
години кога решив да „излезам од плакарот“ и да се прифатам себеси како транс личност.
На која возраст почна со транзицијата?
На 26 години почнав да размислувам за хормонска терапија. Со помош на невладините
организации стапив во контакт со докторка од клиниката во Скопје со која година и пол бев во
консултација за предизвиците и промените со започнувањето на хормонската трерапија. На 28
години почнав со процесот на транзиција, односно почнав да пијам хормонски таблети.
7