S-Work No.61 61 | Page 4

сточна
Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и

Европа Стигмата и дискриминацијата доаѓаат со висока емоционална цена која треба да ја плаќаат сексуалните работници

Иако сексуалните работници од целиот свет лобираат за декриминализација, законот за сексуална работа и понатаму останува контроверзен.
Стигмата е знак на срам, социјална дискредитација или расипан идентитет. За сексуалните работници, правниот, културниот и социјалниот дискурс се карактеризираат со „ склоност кон секс, сексуално искушение, бес и одвратност”.
Приказните за сексуалната работа како непожелна и сексуалните работници како жртви се силно вметнати во нашата културна имагинација.
Сите сме сведоци на различниот медиумски третман кои го добиваат сексуалните работници кои се жртви на насилство, чии животи ги сметаат за помалку вредни. Помеѓу нив е известувањето за ужасното убиство на Мајанг Прасието, сексуална работничка од Индонезија, проследено со лоши и навредливи коментари меѓу кои и:
„ Ниту едно мало девојче не расте, сакајќи да биде сексуален работник, фала му на Бога“.
Со испитување на индивидуалниот и институционалниот третман кон сексуалните работници се открива како сексуалноста е организирана и поделена во социјалното општество, како одредени видови на интимности се наградуваат додека други се казнуваат.
Системска дискриминација
Истражувањата покажале дека со дискриминацијата на сексуалните работници им се оневозможува пристапот до одредени услуги, како што е домување или сместување, можности за вработување и добивање на еднаква правда.
Голем број сексуалните работници до сега имаат пријавено дека нивните сметки на Airbnb се суспендирани, нивните PayPal сметки се затворени и забрането им е секаков вид рекламирање.
Стигмата е особено присутна за оние сексуални работници кои ја работат оваа работа како единствена за егзистенција, кои употребуваат недозволени дроги, оние кои се трансродови, мигранти, родители или работат на улица. Кај овие заедници степенот на насилство од страна на полицијата, малтретирањето и криминализацијата е особено висок.
Сексуалните работници кои живеат со ХИВ се апсат од страна на полицијата, и покрај тоа што немаат никакви докази дека пренесуваат ХИВ или пак се вклучени во сексуални односи без заштита.
Дискриминацијата не е изолирано искуство. Во Нов Зеланд еден учител е тргнат од своето работно место, поради тоа што се сликал за австралиското списание Пентхаус. Во САД, една учителка беше обвинета за непристојно однесување поради нејзината колумна во која пишува за нејзините претходни искуства во врска со сексот.
Не само што анти-дискриминаторската заштита за сексуалните работници останува недоследна и несоодветна, во 2012 година, Квинслендското законодавство го има променето законот против дискриминација се со цел намерно да се дозволи дискриминација против сексуалните работници во однос на домувањето.
4