S-Work No.61 61 | Page 2

Големи синдикални организации од Велика Британија се залагаат за декриминализација на сексуалната работа Овие синдикати ги поддржуваат сексуалните работници и нивните права, сметајќи дека треба да имаат иста правна заштита како и сите други работници. GMB и ASLEF се две големии синдикални организации во Велика Британија кои излегоа да се заложат за целосна декриминализација на сексуалната работа и се единстевните големи здруженија што го сторија тоа. Синдикалните организациикои имаат комбинирано членство над 600.000, бараат од Велика Британија да усвои Закон за целосна декриминализација, сличен на оној усвоен од Нов Зеланд, кој од 2003 година им обезбеди на сексуалните работници правни средства за заштита. Во В. Британија, забрането е продавање на секс, организирање и посредување на сексуални услуги. 2